Изборен молк


Изборниот молк во времетраење од 24 часа, пропишан во согласност со Изборниот законик, започнува на полноќ на денот пред гласањето и трае до затворањето на избирачките места во 19:00 часот на денот на изборите. Во текот на овој период, мора да прекинат сите форми на политичко промовирање. Целта е да им се обезбеди на гласачите простор да размислуваат без влијание, притисок или манипулација во последен момент.

Во овој дел се опишани јасните уреднички и етички насоки за да им се помогне на стручњаците во областа на медиумите да се придржуваат кон правилата за молк, а воедно да продолжат одговорно да ја информираат јавноста.

Совет 22
Почитувајте го изборниот молк со прекинување на кампањските содржини

Отстранете ги сите содржини во врска со кампањата во вестите, коментарите и рекламите. За време на изборниот молк, медиумите не смеат да објавуваат или да емитуваат никаков материјал од кампањата, вклучувајќи профили на кандидати, политички коментари, спонзорирана содржина или институционални пораки што би можеле да влијаат врз мислењето на гласачите. Ова се однесува еднакво и на традиционалните и на онлајн-платформите. Бидете особено внимателни со автоматски објави, банери, објави со предодредено објавување или повторно употребени материјали од почетокот на кампањата кои би можеле да го прекршат правилото за молк.

Совет 23
Модерирајте ги содржините создадени од корисниците и интерактивните функции

Порталите на интернет и радиодифузерите мора активно да ги следат коментарите на корисниците, форумите и објавите на социјалните медиуми што се под нивна контрола. Иако спонтаната активност на корисниците не е незаконска, платформата сноси законска одговорност доколку дозволи понатамошно непочитување на изборниот молк. Редакциите треба привремено да ги оневозможат или однапред да ги модерираат деловите за јавни коментари за време на периодот на молк и да ја отстранат секоја содржина што би можела да се смета за дел од кампањата.

Совет 24
Искористете го периодот на молк за да известувате фокусирајќи се на врз граѓаните

При уредување на содржините, пренасочете го фокусот на новинарството за приоритетот да  бидат јавните интереси и информирањето на граѓаните. Информирајте ги гласачите за логистиката – работното време на гласачките места, барањата за идентификација, правото на глас и процедурите за претставки. Ова истовремено претставува можност да се истакне важноста на излезноста на гласачите, демократското учество и мирните избори без засилување на политичките наративи.

За време на изборниот молк, медиумите можат да се фокусираат врз содржини кои ги информираат и ги охрабруваат гласачите без да влијаат врз нивните избори. Можните теми вклучуваат:

  • Историски трендови во излезноста на гласачите, разлики во регионалното учество и зошто гласањето е важно за развојот на заедницата.
  • Јасни појаснувања за тоа како се структурирани гласачките ливчиња, како се бројат гласовите и како се проверуваат и се објавуваат конечните резултати.
  • Профили на изборни работници, набљудувачи, волонтери и луѓе кои работат во заднината за да обезбедат правични и безбедни избори.
  • Успешни стории за локални граѓански иницијативи или заложби на локално ниво кои ја зајакнале демократската култура и го инспирирале ангажманот на заедницата.
  • Едукативни текстови за демократските права и одговорности, вклучително и она што ги прави изборите кредибилни и слободни.
  • Кратки стории во интерес на луѓето за гласачите кои гласаат за првпат или гласачи од маргинализирани групи кои споделуваат зошто учествуваат.

Покриеност на практичната логистика за гласање: како лицата со попреченост да пристапат до гласачките места, што да направат доколку се соочат со проблеми на денот на изборите или со кого да стапат во контакт кога имаат поплаки.

Совет 25
Бидете внимателни со индиректни кампањи или визуелни сигнали

Избегнувајте симболични референции, бои, слогани или слики кои може да се однесуваат на конкретни партии или кандидати. Дури и без експлицитни пораки, визуелните елементи можат да имаат политичка конотација. Насловите, видеоснимките и графиките на социјалните медиуми треба внимателно да се прегледаат за да се обезбеди неутралност.

Совет 26
Предвремено информирајте ја вашата редакција за да избегнете ненамерни прекршувања

Направете заеднички список за проверка за она што е дозволено, а што не е дозволено за време на молкот. Назначете квалификуван уредник или координатор за да ги прегледа сите објавени содржини, особено објавите во последен момент или најновите објави во живо.

Совет 27
Предвремено подгответе се за мерки за спроведување

Прекршувањата на изборниот молк може да доведат до санкции во согласност со Изборниот законик. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го следи правилното работење на медиумите во текот на целиот период на молк. Предвремено подгответе се за да обезбедите правилно работење во вашите редакциски, рекламни и технички оддели.